Енергетски протест пред Владата за решавање на кризата

54

Стопанската комора за енергетика денеска организира протест пред Владата за решавање на енергетската криза, враќање на дистрибутивната мрежа од ЕВН на државата, разрешување на неодговорните лица…

Целта, како што велат од Комората, е јавноста да види колку е сериозна ситуацијата со енергетската криза и да добијат пореална слика за тоа колкави се трошоците и долговите и колку всушност државата ја чини оваа криза.

Освен граѓаните на протестот ќе излезат и компании кои се револтирани од високите сметки за струја, а од Комората велат дека досега поддршка добиле и од многу јавни претпријатија, општините, Сојузот на стопански комори, Независната угостителска комора, здруженија и граѓани.