Компанијата за производство на беспилотни летала EFYI Group, во соработка со Универзитетот во Тијанџин, неодамна го „обои“ небото во овој кинески град со дел од мотивите од познатите слики на холандскиот уметник Винсент ван Гог.

Тоа е дел од големото светлосно шоу наречено „Во чест на Ван Гог“. Соодветно на тоа, дури 600 беспилотни летала, дронови, беа искористени за да се раскаже приказната за животот на славниот сликар преку анимација и да се прикажат многу од неговите дела.

Целото шоу траеше 26 минути и 19 секунди, што е нов светски рекорд кога станува збор за анимации со беспилотни летала.

За оваа изведба беа користени авиони Agile Bee II, кои тежат околу 1,36 килограми и достигнуваат брзина од 30 км на час. Максималниот период што овие дронови можат да го поминат во воздухот е 38 минути.

Освен што покажа важни моменти од неговиот живот, светлосната претстава „Во чест на Ван Гог“ привлече внимание и на многу ценети дела на холандскиот сликар, како што се „Ѕвездена ноќ“, „Житно поле со чемпреси“, „Спалната соба на уметникот во Арл“, неговата серија на слики на сончогледи во автопортрети.