Една жена загина во земјотресот со интензитет од 7,3 степени според Рихтерова скала што вчера ги погоди Молучките Острови во источниот дел на Индонезија, информираа денеска локалните власти.

Жената (54) починала откако врз неа паднале остатоци од нејзината куќа на островот Халмахера, соопшти Иксан Субур, официјален претставник на агенцијата за цивилна заштита на островот.

Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од десет километри под површина на земјата, 168 километри југоисточно од градот Тернатеа.