Светскиот тениски рекет број еден Србинот, Новак Ѓоковиќ по седми пат ја освои титулата на Мастерсот во салата Берси во Париз. Тој во финалето го победи Бугаринот Григор Димитров со 6:4, 6:3.

За 36-годишниот Ѓоковиќ ова е јубилејна 40. титула на турнири од серијата „Мастерс 1000“, а 97. освоен турнир во кариерата. Мастерс турнирите се меѓу најголемите во светот и АТП ги брои освоените трофеи на тие турнири во посебна табела како „главни титули“.

Ѓоковиќ стигна и до јубилејната 70-та голема титула во Париз. Покрај 40 титули на Мастерс, тој има и рекордни 24 грен слем и уште шест финалиња на Мастерс.

Далеку зад него се Рафаел Надал со 59 големи титули (22 Грен слем, 36 Мастерс и олимписки злато) и пензионираниот Роже Федерер со 54 (20 Грен слем, 28 Мастерс и шест финални Мастерси).

На Ѓоковиќ му требаат во просек 3,1 турнири за да победи на еден голем турнир. Тоа е најдобриот просек во историјата на тенисот. Надал има просек од 3,5, Федерер 4,4, а само Пит Сампрас има просек од една освоена титула на помалку од пет одиграни турнири (4,9).