Во денешно време спортистите се почесто добиваат закани од обложувачите поради нереализираните шанси, со оглед на тоа што губат огромна сума пари со вложувањето во тикети. Но, има и такви спортисти кои добиваат закани поради својата убавина. Една од нив е ММА боречката, Анастасија Јанкова, која реши јавно да ги објави бизарните пораки што ги добива од фановите речиси секој ден.

Анастасија, меѓу другото, добила порака да измачува непознат човек, односно да и биде роб.

Во моментов, таа има нешто помалку од 200.000 луѓе кои го следат нејзиниот профил каде можат да уживаат во нејзините фотографии на кои позира во долна облека, или го покажува своето тело во бикини.

Девојката од Москва во моментов има пет победи во својата професионална кариера, а единствениот пораз го претрпе од Кејт Џексон во Белатор во мај 2018 година во Лондон, но има огромна армија на фанови.

  • Постојат луѓе кои сакаат да седат во прегратките на силна жена. Некои луѓе се подготвени да го платат данокот да бидат со мене. Едно лице неодамна ме контактираше затоа што сакаше да стане мој роб. Се шегував со пријателите дека може да ми ги мие садовите и да чисти по дома, тогаш тоа не би било лошо. Тие се подготвени дури и да ги удирам во меѓуножјето, истакна Анастасија.

Таа додаде дека досега имала голем број чудни разговори.

  • Дали одговорив? Не, исплашен бев. Нека секој го прави она што го сака. Нема ништо лошо во тоа сè додека не ја повредуваат другата личност. Само … без мене, додаде Русинката.