Еден загинат, еден повреден во Киев, вкупно девет жртви досега

61

Сепаратистите поддржани од Русија презеле контрола врз два града во областа Луганск во Украина, додека украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека едно лице е убиено и едно рането во Киев, според извештаите на светски агенции.

Украински извори информираат дека во руски гранатирања досега загинале најмалку седум лица, а деветмина се повредени.

Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека воздушните бази и воената инфраструктура на Украина се неутрализирани.