Египет затвори дел од брегот по нападот на ајкула

1326

Египетските власти денеска затворија дел од брегот на Црвеното Море, откако туристка им подлегна на повредите по напад на ајкула во близина на Хургада.

Австријка (68), на која ајкула и ги скинала раката и ногата, починала во приватна болница во Хургада, соопшти неименуван египетски функционер.

Според интерен документ од канцеларијата на гувернерот во провинцијата Црвено Море, во кој АП имал увид, египетските власти ќе го затворат брегот на три дена и ќе ги забранат сите поморски активности, вклучително и нуркање, сурфање на ветер и китинг, како и приближување на рибарски чамци.

На видеото кое е објавено на интернет се гледа како нападот на ајкулата е релативно блиску до брегот.

Исто така, покажува како водата околу нападнатата жена поцрвенува од крв додека луѓето на блиското пристаниште фрлаат спасувачка опрема кон неа.

Засега не е јасно како ајкулата успеала да стигне до брегот.