Египет ги поедностави правилата за влез на туристи во земјата

43

Египет ги поедностави правилата за влез на странски туристи воведени поради пандемијата на корона вирусот.

Според изменетата процедура, патниците повеќе нема да мора да пополнуваат прашалник на аеродромите со податоци за ковид документите.

Наместо тоа, доволно е однапред да се регистрирате на посебна страница и таму да ја поставите потврдата за вакцинација или резултатите од тестот за корона вирусот, пренесува РИА Новости.

На туристите кои заборавиле да се пријават сепак ќе им биде дозволен влез, но сертификатите ќе треба да се покажат при пристигнувањето.