Египет: Гробница стара 4.700 години повторно отвoрена за туристите

206

По 15 години реновирање, гробот стар 4.700 години, на фараонот Џосер, во пирамидата во Сахара, е повторно отворен за туристите, пренесува Дејли мејл.

Гробницата, сместена јужно од Каиро, се наоѓа во близина на познатата скалеста пирамида од Третата династија на фараоните, најстариот камен споменик во историјата, кој беше затворен поради реновирање до март 2020 година, пренесува Ројтерс.