Евролигата нема да го намали бројот на натпревари оваа сезона

31

Евролигата планира да ги одигра сите преостанати натпревари од оваа сезона.

Доколку е потребно, календарот ќе биде набиен. Сепак, нешто конкретно може да се каже само кога ќе постои сигурност за продолжување на натпреварувањето.

Наш приоритет е да ги доиграме шесте кола од основниот дел на првенството, а потоа да одржиме плеј-оф и фајнал-фор. Доколку е потребно, календарот ќе биде набиен.

Очигледно, сезоната ќе заврши подоцна од планираното, соопштија од елитното кошаркарско натпреварување.

Ние сме подготвени за алтернативни сценарија. Денес планираме да го одржиме кон крајот на мај, но шансите за тоа се намалуваат секој ден. Сакаме да ги увериме сите навивачи кои купиле билети за Ф4 турнирот, дека ќе им се вратат средствата доколку турнирот се одложи, се вели во информацијата на прес-службата на Евролигата.

Извор:МИА