Евровизиски скандал во најава – Дара Бубамара ќе ја тужи шпанската пејачка Шанел поради плагијат?!

249

Деновиве, се случи голем скандал во врска со кандидатите за големата Песна на Евровизија 2022, која ќе се одржи во Италија. Скандалот се случува во соседна Србија, во која својот глас го крена пејачката Дара Бубамара (или Радојка, како што ѝ е вистинското име). Шпанците ја избраа својата песна за годинашниот Евросонг во Торино.

Станува збор за песната „СлоМо“ со атрактивната пејачка Шанел. И веднаш добија еден грст заканувачки напади од Србија, која е, исто така, учесник. Добија закани од  цицлестата турбо-фолк пејачка Дара Бубамара. Таа тврди дека песната им е плагијат и дека поради тоа ќе ги тужи за украдени авторски дела, а без ниту една согласност од неа. Наводно, шпанската песна е иста како српската „Екстравагантно“, која Бубамара ја има снимено во 2017 година, што значи многу поодамна од оваа шпанската.

Се огласи и самата Бубамара велејќи им на потенцијалните крадци: „Малку сте ме ископирале, а? Е па, сега си знаете каков е редот. Дебело ќе си платите за тоа, нема ‘џабе ни код бабе’!“