Еве што бара Беса од Заев за да даде зелено светло за уставните промени

111

Седницата за уставни измени е одложена за утре, а во моментов уште не е постигнат договор помеѓу Владата и опозициската Беса за државјанството. На Заев во моментот му недостига само еден глас за 2/3 мнозинство, а од Беса велат дека нема да дадат зелено светло за амандманските промени ако нивните барања не се прифатат. Од неофицијални извори дознаваме дека ова е предлог амандманот на Беса:

„За граѓаните од Албанската етничка припадност, во прописите и другите акти на државните органи државјанството на македонски јазик ќе гласи “македонско/граѓани на Република Северна Македонија” на албански јазик ќе гласи “eMaqedonisë/qytetar i Republikës së Maqedonisë Veriore” и на англиски “macedonian/citizen of Republic od North Macedonia”.

Беса на Касами не отстапува од своето барање да се избрише зборот македонско оние кои не се Македонци. Премиерот Зоран Заев пак, смета дека македонско/ државјанин на република Северна Македонија мора да остане, но дека може да се најде и дополнително креативно решение за етничките заедници.
Заев потврдува дека се уште нема сигурни 80 гласа потребни за да поминат амандманите на Уставот и уставниот закон. Но, се уште верува дека до чинот на гласање тоа ќе се случи. Ако нема двотретинско мнозинство до истекот на рокот за гласање на амандманите, премиерот е подготвен да понесе одговорност.
Додека пратениците на власта беа подготвени да седнат во собраниските клупи, оние на ВМРО-ДПМНЕ не ни беа присутни во парламентот. Се приклучија на протестите против промена на името по повикот на лидерот Мицкоски.
Иако првичните најави беа дека гласањето за измените на Уставот ќе се случи во петок, сепак со преговорите веројатно е дека седницата ќе трае подолго од планираното. На дневен ред се четирите владини амандмани и уставниот закон.

Неофицијално, ова се барањата на Беса до Заев, која е решена ако нејзиниот предлог не се прифати, да не гласаат: