Д-р Докиќ: Една петтина од пациентите со Ковид-19 починале истиот ден кога биле примени во болница

113

-Постојат повеќе причини за високата смртност. Пациентите доаѓаат во тешка состојба. Не сите. Од 2.000 лечени пациенти во период од шест месеци, 381 пациент почина. Од кои една петтина починале истиот ден кога се примени, што значи дека се примени во многу тешка состојба и не може да им се помогне. Тоа е една причина, не е единствена.

Една од причините е и самиот имуниолошки систем, доколку има пресилен одговор. Тој е наследен, но на него влијаат и други надворешни фактори, рече Докиќ.