Духовита на свој начин: Северина со велосипед стаса на Малдиви

717

Откако на нејзиниот поранешен маж Милан Поповиќ целосно му изгоре јахтата во марина на Јадранско Море, неговата поранешна сопруга Северина за тоа како ништо да не знае. Таа вчера отпатува на летен одмор на далечните егзотични Малдиви и од таму праќа срдечни поздрави велејќи: “А јас не знам ништо за тоа, јас сум сега со велосипед на Малдиви“! Нејзиниот цинично духовит коментар предизвика бурни реакции, па многу луѓе прснаа во смеење, зборејќи дека “само Северина знае вака да одговори“.

–Затоа, не ја заморувајте со луѓе и настани кои не се во центарот на нејзиното внимание, порачаа најблиските на популарната пејачка. Северина ужива во секој момент на Малдиви, па седната на велосипед облечена е во црвен дводелен костим за капење носталгично загледана во синиот океан.

– Не е како моето Јадранско Море, но е подеднакво убаво, таман онака како што ми треба за посакуван одмор после пандемијата. Северина не открива со кого е на Малдивите, дали е и со синот Александар и сопругот Игор (“малиот Кеба“) или таму е сама, во што се сомневаме на таа природна убавина да е без своите најсакани.  Д.М.