Други земји веќе мака мачат со нив:Во Франција откриен инвазивен вид мравки од Јужна Америка

147
Во Франција неодамна беше откриен инвазивен вид мравки од Јужна Америка, таканаречени електрични или огнени мравки.
Оваа мравка е долга 1,5 милиметри, ама има многу болен убод и претставува закан по биодиверзитетот, изјави денес француски истражувач.
Научниот Оливие Блајт од Медитеранскиот институт за биодиверзитет и екологија на Универзитетот Авињон изјави дека тој вид мраквки е откриен во Тулон, на југот на Франција. Според неговите зборови, тие мракви на европско тло досега се откриени на подрачјето на Малага во Шпанија.
Блајт за Франс прес рече дека електричната мравка е идентификувана во Тулоин и дека станува збор за „суперколонија“ што значи дека тие мравки стасале при превоз на некои билки.

Мравката, професионално наречена „wasmannia auropunctata“, е екстремно инвазивна, дури и ако се движи бавно, бидејќи го комбинира „класичниот систем на сексуална репродукција и производството на кралици и мажјаци со клонирање“, рече експертот.

„Нејзината сила е во бројноста“, додаде научникот и изјави дека нејзиниот убод предизвикува „чувство на пецкање како кога ќе допрете коприва“, но е посилно и подолго, бидејќи трае два до три часа.

Мравката го користи убодот како оружје за уништување на други инсекти и може да предизвика слепило кај некои животни. Кај луѓето, покрај болните убоди, електричната мравка може да предизвика анафилактичен шок, доколку лицето е алергично на некои инсекти.

Блајт рече дека искоренувањето на видот на мравките е скапо, наведувајќи го примерот на Квинсленд, Австралија, кој од 2006 година одвои 30 милиони долари за борба против овој вид мравки.

Научникот ги повика земјите-членки на Европската унија да направат план за искоренување на овој инсект.