Драматично спасување момче од урнатините на облакодерот во Мајами/ВИДЕО

59

Околу 160 луѓе сé уште се водат како исчезнати, откако во четвртокот се сруши облакодер во Флорида, а во несреќата загинаа четворица. 

Повеќе од една третина од 12-катната зграда во градот Сурфсајд недалеку од Мајами Бич во американската сојузна држава Флорида , во која има 136 станови, се сруши среде ноќ, околу 01:35 часот по локално време.

Досега официјално е потврдена смртта на четири лица, а околу 40 од нив се извлечени од урнатините. Меѓу спасените е и едно момче, чиј идентитет сè уште не е објавен.

На снимката се гледа како пожарникарите го извлекуваат момчето, кое било во свесна состојба и го пренеле во брзата помош.