До 25.000 гледачи на натпреварите во Бундеслигата

23

Во новата сезона во германската Бундеслига ќе биде дозволено присуство на максимум 25.000 фудбалски навивачи, откако во земјата беа олеснети рестриктивните мерки поврзани со пандемијата на коронавирус.

Договорот постигнат меѓу властите на 16 германски региони ќе им овозможи на фудбалските екипи да ги отворат своите стадиони за максимален број од 25.000 гледачи или 50 отсто исполнетост на капацитетот.

Германските медиуми јавија дека секој регион ќе може да донесе поинаква одлука, додавајќи оти шампионот Баерн Минхен на своите натпревари ќе дозволи до максимум 20.000 навивачи.

„Алијанц Арена“ во Минхен беше домаќин на четири натпревари во рамки на ЕУРО2020 на кои во просек беа присутни 14.500 гледачи.