Дојде крајот на фамозното судење: Деп го доби спорот, Херд прогласена за виновна

1678

Поротата донесе пресуда во тужбата за клевета на Џони Деп против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, која тврдеше дека Деп физички и сексуално ја нападнал во повеќе наврати.

Актерот ја доби тужбата, а Амбер Херд беше прогласена за виновна, пишува Индекс.

Пресудата беше прочитана во окружниот суд Ферфакс во Вирџинија нешто по 21 часот. Џони Деп не присуствуваше на читањето на пресудата затоа што е во Велика Британија, службено.

Амбер доби отштета од 2 милиони долари.

Поротата откри дека Џони Деп ја наклеветил Амбер Херд – но тоа било преку неговиот адвокат, Адам Волдман, и тоа само за една од трите точки. Таа добила два милиони долари компензација, а од казнената отштета ништо.

Поротата пресуди дека Амбер Херд мора да плати отштета од 15 милиони долари за клевета во напис објавен во Вашингтон пост.

Поротата потврди дека пресудила во корист на Џони Деп во првите две точки со едногласна пресуда. Тие одлучија дека Амбер постапила со „вистинска злоба“ при објавувањето на статија во Вашингтон пост.