Доларот зајакна во однос на еврото и другите валути

40

На валутните пазари се зголеми вредноста на доларот во однос на кошничката валути.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 105,27 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 104,28 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 134,35 на 136,90 јени.

Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0490 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0575 долари.