Документарни раритети од Русија пред македонската јавност

121

Најстарата руска ракописна книга „Остромирово евангелие“, првиот руски законик „Руска правда“, Родословот на московските кнезови од 17 век, документи потпишани од Ленин и Сталин… се дел од документите претставени во рамките на изложбата „100 раритети на Руската државност“, отворена во Музејот на македонската борба за самостојност, по повод рускиот празник 4 Ноември -Денот на националното единство.

Изложбата содржи сто оригинални документи што сведочат за главните периоди на формирањето и развојот на руската држава од средината на 11. век до почетокот на 21 век. Скопје е прва дестинација надвор од Русија каде изложбата гостува.

За поставката подготвен е уникатен двојазичен каталог, на руски и македонски јазик, со детален опис на сите изложени документи, кои се копија на оригиналните документи.

На поставката на изложбата „100 раритети на Руската државност“ на македонски јазик беше отворена во присуство на претседателот Стево Пендаровски, на поглаварите на верските заедници, дипломатскиот кор, како и на научната и пошироката јавност, се обрати рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, кој изрази задоволство што токму пријателска Северна Македонија е прва странска земја, чии граѓани имаат можност да се запознаат со ова документаристичко богатство.

Изложбата ќе може да се погледне до 15 ноември.

Организирана е од Руската Федерална архивска агенција со учество на Министерството за култура и Државниот архив на РСМ, во соработка со Амбасада на Руската Федерација во РСМ.