Додека некои ќе уживаат, француските еколози вријат од бес:За саем за специјалитети, уловени 350.000 жаби заради копаните

74

За време на викендот, посетителите ќе вкусат копани од жаба на традиционалниот саем во Вител на истокот на Франција, на општо вознемирување на здруженијата кои го осудуваат нападот врз биолошката разновидност и предупредуваат на страдањето на животните.

„За тој саем беа фатени и до 350.000 жаби, особено во Индонезија и Турција, каде популацијата на жаби веќе е во алармантен пад“, изјави неименуван претставник на француската невладина организација „Робин Худ“.

Германската организација Pro Wildlife го осуди начинот на убивање жаби, наведувајќи дека тие се уште се живи кога ќе им се извадат копаните.

„Во Европската унија не треба да се дозволи вакво ограбување на биодиверзитетот заедно со такви сурови методи на убивање. Ваквиот увоз треба да престане“, се вели во заедничкото соопштение на двете здруженија.

Од друга страна, претставник на француското братство на дегустација на жабији копани застана во одбрана на саемот, сметајќи го за „уникатен настан“ во земјата кој привлекува неколку илјади посетители.

„Саемот постои речиси 50 години, а не е првпат да јадеме жаби кои не се од Франција, поради фактот што има многу малку фарми и немаат големо производство“, вели Даниел Жил.

Реагирајќи на методот на убивање жаби и малтретирање животни, тој рече дека ако сака да јаде зајак, пилешко или патка, тие животни мора да поминат низ сечилото на ножот.