Неверојатен скандал ја тресе НБА. Сезоната дојде до вриење, но се чини дека некои играчи немаат ни трошка срам на теренот или надвор од него, а доказ за тоа е и последниот потег на кошаркарот на Сан Антонио Спарс, поради кој речиси целата земја се крена на нозе.

Иако се пишуваше дека талентираниот Хосуа Примо е отпуштен од тимот поради психички проблеми, сепак главната причина е далеку поболна. Клубот му врачи отказ на споменатиот кошаркар, а сите останаа зачудени бидејќи младиот Примо важеше за еден од најталентираните кошаркари во лигата.

По неколкудневен молк водечките американски медиуми, меѓу кои и угледниот „ЕСПН“, ја открија заднината на сè.

Младиот кошаркар им го покажал половиот орган на вработени во клубот, по што една од работничките во управниот оддел на Спарс го пријавил скандалозното однесување на Примо.

Наводно, Примо постојано ја изложувал својата голотија пред вработените во Спарс, од кои повеќето работеле во административниот, а некои во клупскиот ПР-сектор.

Поради споменатиот случај, една од жените од канцеларијата на Спарс ангажирала адвокат за целиот инцидент и била поднесена тужба за сексуално вознемирување против талентираниот кошаркар.

Не е првпат американските спортисти да имаат во нивната биографија слични обвиненија. Пред неколку сезони, играчот на НФЛ, Дешон Вотсон, се соочи со истата ситуација, но за разлика од Примо, тој сексуално вознемирувал девојки од танцовиот клуб на тимот.

Сан Антонио веднаш го раскина договорот, а наместо со кошарка, Примо сега треба да се занимава со менталното здравје.

На крајот на краиштата, тој призна дека имал траума од детството, но не кажа за што точно се работи.

Од Сан Антонио Спарс изјавија дека одлуката за раскин на договорот е најдобра за играчот и клубот, па Примо веќе на 19 години ќе има скандалозен удел во својата играчка кариера.