Ди Марија има сериозен здравствен проблем

94

Лекарот на ПСЖ изрази загриженост до раководството на клубот за состојбата на играчот од средниот ред Анхел Ди Марија. Триесет и двегодишниот Аргентинец страда од несоница и доживува периоди на депресија, објави „ГФФН“ повикувајќи се на „Ле Парисиен“.

Веројатна причина за ваквата состојба на Ди Марија е предвременото прекинување на сезоната во Лига 1, по што на ПСЖ му беше доделена шампионската титула. Според изворот, сопругата на Ди Марија им кажала на роднините дека нејзиниот сопруг се однесува како зомби.