Најбогатиот клуб на денешницата, англискиот премиерлигаш Њукасл, планира да ангажира неколку квалитетни фудбалери за време на зимскиот преоден рок. Прва желба на „црно-белите“ е францускиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш Баер од Леверкузен, Муса Дијаби, кој е проценет на околу 50 мил. евра. Слична парична сума Њукасл планира да освои и за обештетувањето на фудбалерот на Лестер, Џејмс Медисон.