Македонскиот репрезентативен кошаркар, Ненад Димитријевиќ, е една од „Ѕвездите во подем“ во Еврокупот, сметаат генералните менаџери на тимовите што се натпреваруваат второто по ранг натпреварување.

Димитријевиќ е втор најдобар млад играч во ова натпреварување, а генералните менаџери предноста му ја дадоа на Виктор Вембанјама од Нантер, кој доби 20.8 отсто од гласовите, додека нашиот репрезентативец кој ги брани боите на Хувентуд имаше 16.7 отсто во анкетата на Еврокупот.