„Дигитализациjа во земjоделството – СЕГА!”, нов проект на Рурална коалиција

40

Да се зголеми дигиталната писменост на локално ниво, земjоделците и руралното население да користат е-услуги, е целта на проектот „Дигитализациjа во земjоделството – СЕГА!” што следните 18 месеци ќе го спроведува Рурална коалиција.

Проектот ќе биде презентиран денеска на онлајн настан.

Рурална коалициjа информира дека е една од трите македонски организации кои станаа дел од мрежата ИЦЕДА и коjа во наредниот период ќе работи на формирање и управување со граѓански центар за поддршка на е-владеење преку коj што ќе им помогне на земjоделците и руралното население воопшто, во користењето на е-услугите, но и во зголемувањето на дигиталната писменост на локално ниво.

Вакви активности освен во Северна Македониjа во рамките на мрежата ИЦЕДА ќе се спроведуваат и во Албаниjа, Косово, Црна Гора и Србиjа.

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), Центарот на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка на ЕУ.