Дејан Пројкоски: Весникот ВЕЧЕР сите изминати години ја следи културата, ја вреднува, архивира и чува од заборавот

42

“Весникот ВЕЧЕР сите изминати години ја следи културата во Македонија. Тој ја вреднува неа, ја архивира и зачувува од заборавот. Вие секогаш се трудите да се артикулира културата на вистинскиот начин, сè со цел нејзината суштина да стигне до читателите. Вие, како дневен весник, ја знаете важноста на сегашниот миг, мигот-живот, мигот-смисла, односно силата и значењето на пишаниот збор, кој го мери времето што го живееме. Многу одговорна мисија е да се биде гласот на вистината во едно општество и со разбирливи и јасни текстови да се носат сознанијата за денешницата. Весникот ВЕЧЕР е како огледало во кое општеството и сите ние можеме веќе 59 години да се погледнеме и да ја дознаеме вистинската слика. На крајот, Ви се заблагодарувам за одличната соработка, Ви го честитам роденденот и Ви посакувам уште многу години успешна и креативна работа, вели во својата честитка за 59. роденден на весникот ВЕЧЕР режисерот Пројковски