Деца се носат во градинки неразбудени во пижами во 6:30 часот наутро!

Родителите бараат флексибилно време за носење на децата во градинка. Генерално се задоволни од одржувањето хигиена, но голем проблем претставува временскиот распоред за носење на децата во установите по групи. Бараат да се врати флексибилното време за носење на дечињата, согласно работните обврски на родителите. Реагираат и дека во различни градинки, различно се функционира.

1223

Родителите чии деца веќе се згрижени и тргнаа во градинка реагираат на некои од протоколите. Генерално се задоволни од одржувањето хигиена, но голем проблем претставува временскиот распоред за носење на децата во установите по групи. Бараат од МЗ, МТСП и Комисијата за заразни болести да се врати флексибилното време за носење на дечињата. Реагираат и дека во различни градинки, различно се функционира.

За разлика од тие што ги носеле протоколите, двегодишно дете знае и ме предупреди дека надвор е темно и треба да спие. Ова правило е голем проблем за нашето нормално функционирање. Ова е градинка, не војска, вели мајка која бара флексибилно време за носење на децата во градинка. 

-Јас сум на работа од 9:30 часот, а морам детето да го однесам во периодот од 6:30 до 6:50 часот. Го будам детето од спиење во 5:30 за да се подготвиме и да оди во градинка. За разлика од тие што ги носеле протоколите, двегодишно дете знае и ме предупреди дека надвор е темно и треба да спие. Ова правило е голем проблем за нашето нормално функционирање. Ова е градинка, не војска. За разлика од нашата градинка во Расадник, каде иако има два влеза, а во нашиот се само четири групи, во некои други градинки родителите можат да ги носат децата без прецизирани термини, согласно нивните потреби, иако во еден влез има и до 10 групи. Не гледам воопшто дека тоа е проблем. Родителите културно чекаат ред пред влезот и не се прави никаква гужва при предавањето на децата. Апелирам што поскоро да се реши оваа ситуација и да се врати флексибилното време за носење на дечињата во градинка, вели мајка која своето дете го носи во оваа скопска градинка.

Јас треба да сум на работа во 7 часот, а според терминот од кој нема отстапка детето морам да го носам во 8, односно, од 7:50 до 8:20 часот. И како да стигнам на работа?? А немам кој друг да го носи наместо мене. Ова не е решение, реагира друга мајка која и покрај функционирањето на градинките не може да стигне на време на работното место.

-Ова со термините за носење по групи нема никаква смисла. Јас треба да сум на работа во 7 часот, а според терминот од кој нема отстапка детето морам да го носам во 8, односно, од 7:50 до 8:20 часот. И како да стигнам на работа?? А немам кој друг да го носи наместо мене. Ова не е решение. Ваквиот начин на функционирање на градинките не го решава нашиот проблем, само ни отежнува, затоа што мора да се вратиме на работа, а децата сè уште не ни се згрижени. Нека си остане правилото за носење на децата пред појадок, па на кој родител кога му одговара ќе го носи, согласно работните обврски. Секако не се влегува во објектот и нема ризик од гужви и загрозување на здравјето, вели друга мајка која и покрај функционирањето на градинките не може да стигне на време на работното место.

И одлуката на Владата за враќање на работните места на вработените кои имаат деца до шестгодишна возраст, како и на мајките кои беа на продолжено породилно отсуство предизвика револт кај родителите. Мајките на породилно најавија протест затоа што со новата неочекувана одлука тие имаат една недела да најдат начин како да ги згрижат дечињата, кои не се ниту запишани во градинка, затоа што првичната најава беше дека продолженото породилно отсуство ќе трае до декември. Сепак, Владата не го прифати овој предлог на Комисијата за заразни болести. Поради оваа ситуација некои мајки најавуваат и откази од работното место за да си ги чуваат децата.

 -Не ставија пред свршен чин. Најавуваа едно, прават друго. Како јас да најдам решение за згрижување на моето дете за 6 дена?, вели загрижена мајка од Скопје.

Дополнително, родителите се збунети и поради првите позитивни случаи во градинките, а сега поради поголемите потреби за запишување во градинка и на најмалите дечиња Владата одлучи воспитните групи за деца до двегодишна возраст да имаат максимум по 12, наместо по шест деца и двајца вработени во смена. Ова удвојување ги загрижува родителите колку во тие услови со најмали бебиња ќе може да се почитуваат протоколите. Кај поголемите дечиња, пак, проблем е да се спречи детската игра и мешањето едни со други.

-Мене лично не ми се допаѓа тоа што детето ми се жали дека не им даваат да стануваат од столче, да си играат како порано, држат дистанца. Тие се деца греота е да седат и да не можат да си играат бидејќи кога се надвор во дворот и самите учителки кажуваат дека се гушкале, си играат, се бркаат…. Знам дека е тоа за нивно добро, но мислам дека треба да бидат потолерантни зашто сепак тие се деца, вели мајка од Скопје.

По пауза од шест месеци поради пандемијата од ковид-19, градинките, под нови правила и протоколи ги отворија вратите за најмалите од 9 септември, по одлуката на Владата. (В.С.Н.)