Близок извор до таборот на лондонскиот премиерлигаш Челзи откри дека е дефиниран наследникот на аргентинскиот стручњак Маурицио Покетино. Лондонските „сини“ планираат на крајот од сезоната да стават крај на соработката со Покетино, а веднаш потоа сакаат да ги осигураат услугите на актуелниот менаџер на Брајтон, Роберто де Зерби.