Бразилскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Њукасл, Бруно Гимараеш, е најновата желба на раководните лица на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М). Челниците на „кралскиот клуб“ се во потрага по фудбалер кој може да биде достојна замена на хрватскиот интернационалец Лука Модриќ и затоа се подготвени да понудат околу 60 мил. евра за услугите на Гимараеш.