Дефинирана цената на Митровиќ

182

Раководните лица на англискиот второлигаш Фулам испратија јасна порака до сите клубови кои ќе се обидат до крајот на зимскиот преоден рок да ги осигурат услугите на српскиот интернационалец Александар Митровиќ.

Робусниот напаѓач ќе ја добие потребната дозвола за да си замине од редовите на Фулам веќе во јануари, само ако официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 40 мил. фунти. Интерес за неговите услуги покажаа раководните лица на Астон Вила и на Тотенхем.