Како што пишува „ТЗМ“, хеликоптерот во кој бил Брајант неколку пати кружел и менувал висина. До несреќата дошло откако во хеликоптерот избил пожар. Итната помош брзо пристигнала на местото на несреќата, но веднаш констатирале дека нема преживеани.

Иако сè уште не се знае причината за неговиот пад, метеорологот на Си-ен-ен, Мајкл Гај, откри дека лошата видливост и лошото време се причини за несреќата. Исто така имало и густа магла.

  • Влажност на воздухот била 100 отсто, тоа значи дека бил како супа, истакна најпознатиот метеоролог во САД.

Околу 9:30 часот пилотот го контактирал аеродромот „Барбанк“, во моментите додека хеликоптерот кружел над подрачјето на Зоолошката градина во Лос Анџелес.