ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Убиен шефот на безбедносната служба на амбасадата на Азербејџан во Иран

1112

Неидентификувани лица ја нападнале амбасадата на Азербејџан во Техеран, главниот град на Иран, јавуваат медиумите.

Медиумите објавија дека во нападот е убиен шефот на службата за безбедност на амбасадата (државјанин на Азербејџан), кој се обидел да им пружи отпор на напаѓачите. Според различни извори, еден или двајца чувари биле ранети.

Засега нема информации кој би можел да стои зад нападот. Истрага за инцидентот започнаа иранските безбедносни сили и азербејџанските безбедносни служби.

Прес-службата на азербејџанското Министерство за надворешни работи објави некои околности за инцидентот.

„На 27 јануари, околу 08:30 часот по Баку, се случи вооружен напад врз амбасадата на Република Азербејџан во Исламската Република Иран.

Напаѓачот тргнал кон безбедносното место, со автоматска пушка калашников го убил шефот на службата за безбедност.

Двајца работници од обезбедувањето на амбасадата се повредени додека го одбивале нападот. Нивната состојба е оценета како задоволителна“, се вели во соопштението на агенцијата.

Познато е дека еден од напаѓачите е уапсен.

На интернет се појави и вознемирувачко видео од пукањето во амбасадата.