Денис „Космонаутко“ ја вакцинираше Шекеринска/ФОТО

209

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денес во арената „Борис Трајковски“ се вакцинираше против ковид-19.

Во одбрана на здравјето – вакцинирајте се!
Да го заштитиме своето здравје и да придонесеме за колективното. Доколку не сте вакцинирани пријавете се на www.vakcinacija.mk, напиша Шекеринска на Фејсбук

Министерката Шекеринска во „популарната“ кабина 9 ја вакцинираше медицинскиот техничар Денис Јанкуловски, познат како „Космонаутко“, кој во последните месеци е задолжен за организацијата и вакцинирањето во најголемиот пункт за вакцинација во земјава, и добитник на наградата „Европејци на годината“ меѓу здравствените работници.