“Денес над Македонија” останува непроменета!

126

Националната химна “Денес над Македонија” останува непроменета и споменувањето на името останува исто по објавата на Владата дека донела одлука за преименување на дел од државните и јавни институции согласно Договорот од Преспа, појасни портпаролот на Владата Миле Бошњаковски. Освен што потврди дека химната нема да се менува, тој информира дека во моментов тече координација со академиците и деновиве ќе биде објавено за преименувањето МАНУ.

Автор на текстот на македонската химна е Владо Малески, а автор на музиката Тодор Скаловски. Напишана е во 1941 година. По завршувањето на Втората Светска војна е усвоена како химна на СР Македонија во рамките на поранешна Југославија, а во 1992 година со закон е прогласена и за химна на независна Македонија.

И Македонски Брод и Македонска Каменица, единствените топоними во Република Македонија, кои ја содржат продавката „македонски“, куртулија од договорот за решавање на спорот за името. Договорот ги поштедува овие градови, па така, тие и во иднина ќе продолжат да се викаат Македонски Брод и Македонска Каменица.

Значи, остануваат Македонски иако на социјалните мрежи веќе неколку дена се коментира дека овие два града ќе бидат сменети во Национална Каменица, односно Национален Брод.