Денеска е Меѓународен ден на младите

68

Меѓународниот ден на младите го одбележуваме во период на светска пандемија, кога младите се соочени со сериозни последици: невработеност, несигурност и неизвесен начин на почеток на наставата.

– Сега предизвикот е секој од нас да биде одговорен, да ги поддржува младите луѓе од повеќе аспекти.  Другарки и другари, нека ни е среќен Меѓународниот ден на младите! За уште повеќе права, учество, подобро образование и добро платени работни места – напиша на фејсбук, градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.