Денеска е Вртолум, денот кога сонцето се врти кон зима

264

Ден кога се врти Сонцето. Во народното верување посебно важен празник се смета Вртолум, денот кога Сонцето се врти кон зима. Се верува дека тоа е тежок празник кога не се работи.

Меѓу празниците од овој период од годината посебно важно место има празникот на светите маченици Вартоломеј и Варнава, во народот познат под името Вртолум, што се празнува на 24 јуни според новиот, односно на 11 јуни според стариот календар. Во некои наши краишта овој ден се смета за тежок празник поради што не се работи никаква работа. Овој ден народот го поврзува со вртењето на Сонцето.

Имено, се верува дека на овој ден Сонцето се врти кон зима. Многумина дури верувале дека тоа е видливо, поради што гледале во Сонцето за да виделе кога тоа ќе застанело и ќе се завртело.

(Подготви Марко Китевски)