Поранешниот репрезентативец на Англија и стручен коментатор, Гери Невил, жестоко го критикуваше репрезентативецот на Франција, Осман Дембеле, кој е директен виновник за пеналот што го доби репрезентацијата на Аргентина.
- Како реагираше Дембеле!… Се знаеше што ќе направи Ди Марија, го прави тоа веќе десет години. Срамота. Имам различно мислење за ова. Прво, мислам дека судијата прелесно досуди пенал. Од друга страна, ова е глуп потег, Дембеле како да заслужи таква одлука. Му даде шанса на Ди Марија и се случи тоа што се случува со години. Го удри во надворешниот дел од ногата, па самиот се удри во ногата. Ди Марија има искуство, тој го бараше тоа, знаеше што прави. Дембеле беше изигран како мало дете – изјави Невил.