Дел Потро наскоро се враќа на терените

106

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро го најави своето враќање на теренот. Минатогодишниот финалист на УС Опен ја продолжува рехабилитацијата откако операцијата на коленото која беше извршена кон крајот на јуни.

– Се враќам наскоро. Сè уште не го знам точниот датум, но во наредните денови очекувам одлични вести. Многу сум им благодарен на навивачите за огромната поддршка во овие последни тешки недели , напиша Дел Потро на Инстаграм.