Делумно затворање на стокхолмската ЗОО поради Худеини:Вработените уште ја бараат кралската кобра што избега викендов

373

Персоналот на зоолошката градини и понатаму ја бара кралската кобра која избега во текот на викендот и поради што зоолошката е делумно затворена.

Змијата со прекар Господин свиркач, пристигна во зоолошката градина пред неколку дена и успеа да избега меѓу светилките на терариумот.

На видео снимката на еден посетител кој присуствувал на бегството, се гледа дека змијата преименувана во Худеини, во чест на славниот магионичар, како се провлекува меѓу светилките.

Одделението за влекачи потоа е евакуирано и затворено, додека бегалецот не биде најден.

Персоналот смета дека змијата би требало да е некаде во таванот. Вработените во зоолошката градина наросија брашноп и поставија лепливи стапици за да можат да ја фатат кобрата.

Еден од вработените се пошегува дека Худеини е „вистинска непослушна змија“ бидејќи во тој терариум 15 години престојуваат змини, а новата змија уште недојдена успеа да избега.

Кралските кобри се по природа мирни змии и постои мала веројатност да напдснат. Потекнуваа од јужна и југоисточна Азија и се најдолгите змии отровници на светот.

Нивен главен плен се други змии, а нивниот загриз може да биде смртоносен за луѓето ако не се излечи на време.