Дезинфекција и генерално чистење на тетовските училишта

101

Интензивни активности и превентивни мерки се преземаат во тетовските училишта и градинки со цел да се намали ризикот од сезонскиот грип и новиот коронавирус, информираат од Секторот за јавни дејности.

Се користат соодветни средства за дезинфекција на училишните објекти.

-За време не викендот вршиме генерално чистење и нивна дезинфекција. Освен овие мерки во соработка со здравствените  организации во текот на работната недела започнавме и со соодветни предавања за учениците. Целта е да се информираат учениците како да се заштитат и да дејствуваат превентивно во насока на спречување на вирусните заболувања, а особено со коронавирусот- истакна Ахмед Ќазими, раководител на секторот.

Во рамки на општина Тетово функционираат шест средни и 12 основни училишта.

Извор: МИА