Продолжуваат градежните зафати на „Езеро Младост“

178

Благодарение на поволните временски услови, Општина Велес продолжува со планираните градежни зафати за подобрување на квалитетот на живот и за подобрување на туристичките потенцијали на „Езеро Младост“.

-Работиме на пешачките и велосипедските патеки на „Езеро Младост“, на патот кон Сопот, на тротоарот на улицата „Андон Шурков”, во близина на Комплекс УЗУС, на водоводни линии на три улици, одводни канали на патот за селото Сливник и друго – информират од Општината.

Извор: Општина Велес