Две состојки кои ги регулираат најважните хормони во телото

291

Хималајската сол е посебна бидејќи му помага на телото да стане алкално и на тој начин поуспешно да се бори против разни болести. Исто така, помага во регулацијата на сеортонинот, што е многу важно во борбата против депресијата, пишува Еарт чајлд.

Серотонинот е невротрансмитерска хемикалија која ги регулира мускулните контракции, ја регулира телесната температура, апетитот и чувството на болка, а управува и со нашето однесување, со крвниот притисок и со дишењето.

Кога балансот на серотонинот во телото е нарушен, доаѓа до депресија и останати нарушувања во однесувањето, како нарушувањето на сонот. Серотонинот се создава во мозокот, во пинеалната жлезда која ја нарекуваат и трето око – центарот на нашта душа.

Розеникавата хималајска сол го регулира и нивото на мелатонин, хормонот задолжен за добриот сон кој се создава, исто така, и во пинеалната жлезда.

Овој хормон го нарекуваат и хормон на спиењето. Тој управува со нашиот биолошки часовник, а засилено се лачи во текот на ноќта. Со доаѓањето на утрото, создавањето на мелатонин се намалува и ние се будиме.

Покрај тоа, мелатонинот го штити нашето тело од слободни радикали и кардиоваскуларни болести, го забавува стареењето бидејќи ги подмладува клетките и ја намалува можноста од развој на болести поврзани со староста.
Кога старееме, нашето тело го лачи сѐ помалку и тоа е причината поради која децата спијат повеќе, а повозрасните луѓе помалку.

Нема да ви штети, напротив, ќе имате неверојатни придобивки ако пред спиење ставите мешавина од мед и розеникава хималајска сол под јазикот. Ќе се изненадите од ефектите!