Бодибилдингот е спорт кој бара многу пожртвуваност, волја, сила и желба. Многумина веќе по 50-тата година одлучуваат да престанат да се занимаваат со ова исклучително напорно хоби и спорт, но има и такви кои ги надминуваат границите и стануваат вистински феномен.

А тоа е Џозефин Монастерио, која има 76 години и се уште без проблем се занимава со бодибилдинг. И сето тоа откако и го замениле колкот не еднаш, туку двапати.

Тоа не ја спречи оваа докторка по професија да продолжи да се занимава со бодибилдинг, па дури и да пишува книга наречена „Подготвен во секое време“, која е продадена во стотици илјади примероци низ Соединетите Американски Држави.

Неколку пати беше учесник во шоу програмата „Јас имам талент“ во Велика Британија и Соединетите Американски Држави, каде што доби голем ентузијазам и аплауз од публиката и жирито.

Таа е родена и израсната во Венецуела, а потоа на 24-годишна возраст дошла во САД, каде што дипломирала на Универзитетот во Бостон, а потоа докторирала на Универзитетот „Nova Southwestern University.“