Дваесетина компании од гостиварскиот регион се претставија на Бизнис саем

59

Во спортската сала „Младост“ во Гостивар, викендов се одржа Бизнис саем на производители, проследен со и бизнис-форум.

На саемот во организација на маркетинг и менаџмент агенцијата „Еуростеп“ од Скопје, во соработка и со поддршка на Општина Гостивар се претставија дваесетина компании од гостиварското подрачје и од регионот.

-Целта на саемот, пред сè, е да може да се претстават сите заинтересирани правни лица пред посетителите, но и меѓусебно да се запознаат со цел остварување на потенцијални договори, соработки и слично, поради што сите учесници се рангирани врз основа на нивните дејности, нивните првични производи и услуги коишто ги нудат, рече  Андријана Пауновска, координатор за маркетинг и менаџмент кампањи.

Настанот свечено го отвори заменик-градоначалникот на Гостивар, Намик Дурмиши, а во негови рамки имаше и културно-забавна програма.