Да му честитам на Ливерпул за шампионската титула?

101

Фудбалерите на Норвич го приредија најголемото изненадување кога е во прашање 5. коло од англиската Премиер лига. Новајлијата во елитното друштво забележа минимална но злато вредна победа од 3:2 над бранителот на тронот, тимот на Манчестер Сити, а најголемиот ривал на „граѓаните“, кога е во прашање борбата за шампионската титула, тимот на Ливерпул, со 3:1 ја доби битката против гостинската екипа на Њукасл.

  • Пет бода помалку од Ливерпул се пет бода, но да не заборавиме дека е само септември. Што треба сега да направам? Можеби да кажам: „Честити за Ливерпул, шампион е?“. Ниту во една секунда не се сомневам во моите играчи. Фудбалската игра е многу брза, многу работи можат да тргнат по лошо и јас морам да видам како ќе им помогнам. Понекогаш заборавам дека се само луѓе. Се случуваат секакви грешки, на Отаменди никој не му кажа дека му се доближува противничкиот играч, изјави менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Ливерпул е првопласиран на табелата со максимални 15 бода, Сити е на втората позиција со 10 бода, додека Тотенхем е третопласиран со 8 бода. Во следното коло Сити на домашен терен ќе го пречека тимот на Ватфорд, додека Ливерпул ќе гостува во Лондон, каде за противник ќе го има тимот на Челзи.