Дали Данијел Поповиќ повторно ќе пее на Евровизија со некоја нова хитовска „Џули”?

111

Музичката историја се повторува!

Речиси сите уште го паметат поп-пејачот Даниел Поповиќ, кој во далечната 1983 година постигна огромен успех на евровизискиот фестивал во Минхен, под знамето  на тогашна Југославија, пеејќи ја песната „Џули“, во сценска придружба на атрактивните секси сестри Елеонора и Изолда Баруџија.

Евровизија, која наредната година ќе се одржи во Велика Британија, ќе биде предизвик за победа и на хрватскиот претставник. И за сите како гром од ведро небо е веста дека на локалниот избор, на хрватскиот Евросонг, ќе пее токму тој – Данијел. Хрватскиот избор ќе се одржи во февруари, на тамошниот евровизиски натпревар попознат како „Дора – Еуросонг“.

Покрај Данијел, има дваесетина други пејачи (конкуренти), кои, главно, не ѝ се познати на македонската публика. Нам ни останува да навиваме за Данијел, кого добро го памтиме и тука во Македонија, кога веќе Македонија и онака нема да учествува. За жал или за среќа. Ќе покаже времето колку одлуката на Македонската телевизија е исправна. Но, не е лошо за промена една година да ја прескокнеме Евровизија, па да видиме до каде сме? Особено затоа што на овој фестивал скоро секогаш лошо поминувавме, со исклучок на Тамара и Калиопи.

Ниту Хрватите не беа со некоја среќа, со исклучок на Данијела Мартиновиќ, која со песната „Нека ми не сване“ постигна навистина голем естраден успех. Можеби, на Хрватите сега ќе им се посреќи со Данијел, со некоја негова нова хитовска „Џули“? Никогаш не се знае. Евровизија е бинго! Таму сега има најмалку хитовски песни, а најмногу мегаскандали и циркуси. (Д.М.)