Хокеарите на Далас Старс станаа шампиони на Западната конференција во НХЛ лигата, совладувајќи го Вегас со 4-1 во серијата. За Старс ова е прво финале во Стенли купот уште од 1999/2000 кога загубија од Њу Џерси.

Во сезоната 1998/99, Далас за прв пат ја освои Националната хокеарска лига (НХЛ). Во финалето од плејофот, Далас ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Тампа беј и Њујорк.