ФИА започна истрага против светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, за натписот на неговата маица. По последната трка, Британецот носеше маица поврзана со убиството на Бреон Тејлор, која беше убиена по судирот со полицијата во нејзиниот дом. За време на рацијата, полицијата испукала дури осум куршуми кон медицинскиот работник.

  • Уапсете ги полицајците кои ја убија Бреона Тејлор, стоеше на маицата на возачот на Мерцедес.

По трката, тој ја заврши својата изјава со „Правда за Бреона Тејлор“, поради што ФИА започна истрага и Хамилтон може да биде казнет.