Гугл најави промени во апликациите за комуницирање:Отсега една единствена платформа под нов назив

155

Гугл најави нови промени во своите апликации за комуникација Duo и Meet. Со цел да се поедностави комуникацијата и да се обезбеди на корисниците уникатно решение за деловна и приватна комуникација, тие наскоро ќе ги поврзат Duo и Meet во единствена платформа наречена – Google Meet.

Ова е еден од пазарите каде Гугл не е добро рангиран, па кога ќе помислите на апликациите за комуникација, прво ќе ви паднат на ум Duo и Meet.

Според Хавиер Солтеро, првиот човек на Google Workspace, ова може да се промени кога овие два сервиси ќе станат единствен сервис во кој ќе го имплементираат најдоброто од двете апликации.

Додека Meet се покажа како особено корисен за време на пандемијата и работа од дома, Duo е класична апликација за видео комуникација помеѓу две лица, па затоа повеќе се користи како на пример FaceTime.

Основа за унифицираната платформа ќе биде мобилната апликација Duo, која по надградбата, освен што ќе стане Google Meet, ќе добие и опции од актуелната апликација Meet, која може да ја очекуваме до крајот на годината.

Тековната апликација Meet ќе го промени своето име во Meet Original, па Гугл на крајот ќе ја исклучи.